World News in Macedonian

Брза помош пристигна во Кривичниот суд каде се одлучува за притворот на Јанева

Возило на итна помош вечерва пристигна во Кривичниот суд каде се наоѓа на распит специјалната јавна обвинителка Катица пред судија на претходна постапка, кој треба да одлучи за барањето на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за одредување на мерка притвор, јавува МИА.


Медицинскиот тим на брзата помош влезе во зградата на судот, откако таму пристигнал адвокатот на Јанева, Стефан Павлески. Тие по кратко врме ја напуштија зградата на судот, не одговарајќи на новинарските прашања дали е интервенирано поради влошена здравствена состојба на Јанева.


Во извештаите се вели дека изутринава по долго боледување починала мајката на Јанева и оти погребот е закажан за утре, а нејзиниот адвокат при влезот во судот рече дека ќе побараат на Јанева да и се овозможи да замине на погребот и оти такво нешто не треба да бараат адвокатите, „тоа се подразбира“, вели Павлески.


Претходно, обвинителката Вилма Рускоска рече дека смртниот случај нема да влијае на барањето за притвор.

Читайте на сайте