World News in Macedonian

Лавров сака да оди во посета на Грција

Рускиот амбасадор во Атина, Андреј Маслов на средбата со алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтиадис Варвициотис го изрази интересот на Русија, нејзиниот министер за надворешни работи Сергеј Лавров до крајот на годинава да ја посети Грција.



Варвициотис го прими рускиот амбасадор Маслов, а на протоколарната средба, како што соопштуваат од грчкото МНР, станало збор за можностите за билатералната соработка, како и за прашањата од регионален и меѓународен интерес, jави дописничката на МИА од Атина.



„За време на средбата беше потврдена заедничката желба на двете страни за дополнително зајакнување на односите меѓу Грција и Русија. Господинот Маслов го изрази особениот интерес на Русија за посета на рускиот министер за надворешни работи на нашата земја до крајот на годината“, соопштуваат од грчкото МНР за средбата Варвициотис – Маслов.

Читайте на сайте