World News in Macedonian

Ердоган ќе го посети Путин следната недела

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира на 27 август да оствари еднодневна посета на Москва каде ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин. Ова го објави кабинетот на Ердоган по телефонскиот разговор кој тој го имал со Путин за случувањата во северозападниот дел на Сирија. Во соопштението е наведено дека Ердоган во разговорот му потенцирал на Путин дека руската поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад предизвикува хуманитарна криза која претставува закана за турската национална безбедност.


Кремљ пак сооопшти дека Путин и Ердоган при телефонскиот разговор се согласиле дека треба да активираат одредени „заеднички напори“ со кои би се олеснила ситуацијата во сириската провинција Идлиб, каде што изминативе десетина дена насилството принуди десетици илјади луѓе да ги напуштат своите домови.


 Во Турција засега се евидентирани повеќе од 3,6милиони бегалци од Сирија.

Читайте на сайте