World News in Macedonian

Трамп одобри разместување трупи во Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри распоредување американските сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, после нападот врз саудиската нафтена рафинерија.


„Целта на распоредувањето на американските трупи е одбранбена и тие пред се ќе се концентрираат на воздушна одбрана и одбрана од ракетни напади“, соопшти Пентагон.


Нафтената рафинерија на Сауди Арамко беше нападната на 14 септември со дронови и крстосувачки ракети. Одговорноста ја презедоа јеменските бунтовници Хути, кои ги поддржува Иран, но САД тврдат дека нападот бил извршен од Иран.


Иран негираше каква била вмешаност во нападите.

Читайте на сайте