World News in Macedonian

Илјадници луѓе на опозициски протест во Москва

Илјадници луѓе излегоа во центарот на главниот плоштад во Москва во организација на опозицијата, која се обидува да ја врати динимиката по летните протести поради локалните избори, но и генерално против политичкиот систем. Изборите што се одржаа месецов беа катализатор на најголемиот бран антивладини протести во Москва во изминатата деценија.


Денешниот протест беше против политичката репресија. Демонстрантите бараат да престане прогонот против антикорупционерот Алексеј Навални и неговите соработници, како и против бруталното задушување на протестите.


Протестот беше одобрен од градските власти.


На протестите во Москва во јули беа уапсени над 3000 луѓе, а дел од нив беа тепани до пендреци.


Ова се наголеми протести во Москва по бранот демонстрации од 2011 и 2012 година, кога илјадници излегоа против изборната измама и третиот претседателски мандат на Владимир Путин.


Локалните избори во Русија се одржаа на 8 септември. Тие беа тест и за владејачката партија Обединета Русија. Партијата изгуби 13 места во 45-члениот градски совет на Москва. Рејтингот на партијата е намален поради економската несигурност, зголемување на границата за пензионирање и зголемувањето на ДДВ-то. Рејтингот на Путин исто така е намален.

Читайте на сайте