Шефот на австриската дипломатија утре на средби со државниот врв
Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, утре ќе го посети Скопје. Шаленберг, како што соопшти МНР, ќе се сретне со својот домаќин, шефот на макеоднската дипломатија Никола Димитров, како и со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.
На средбите, според соопштението, се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални политички односи, економската и трговската соработка меѓу Северна Македонија и Австрија, како и за европската перспектива, регионалната соработка, состојбите во ЈИЕ и други актуелни регионални и меѓународни прашања.