World News in Macedonian

Амбасадорот на САД ги повика граѓаните на Косово да гласаат

Амбасадорот на САД во Косово, Филип Коснет ги повика граѓаните на земјата да излезат и да го дадат својот глас на предвремените парламентарни избори. 


„Добро утро гласачи на Косово. Денеска е денот да излезете и да гласате. Вашиот глас е значаен – гласате за себе, за вашата земја, за вашата иднина. Косово е вашиот дом“, напиша Коснет на Твитер.


За 120 места во косовскиот Парламент се натпреваруваат 1.068 кандидати. Право на глас имаат 1.937.868 лица. 


 

Читайте на сайте