World News in Macedonian

Српската опозиција против преговори за избори напролет

Опозициската коалиција Сојуз за Србија соопшти дека премногу е доцна за преговори со власта за изборите што треба да се одржат напролет наредната година.


„Го поздравуваме вклучувањето на Европскиот парламент и подготвени сме да разговараме со нејзините претставници за состојбата во Србија, како и за спроведувањето на барањата на експертскиот тим на протестите „Еден од пет милиони“ за да се воспостават услови за демократски избори, кои би биле спроведени најмалку девет месеци пред изборите“, се наведува во соопштението на партијата.


Медијатори на Европскиот парламент на состаноците на претставниците на власта и опозицијата кои треба да се одржат на 9 и 10 октомври ќе бидат поранешните европратеници Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн. Синоќа во Белград се одржа и 44-тиот протест на „Еден од пет милиони“. 


 

Читайте на сайте