Втор свиркач во истрагата за Трамп
Втор свиркач со информации од „прва рака“ за случајот со американскиот претседател Доналд Трамп и Украина разговарал со разузнавачката служба. Информацијата ја потврди адвокатот Марк Зајд кој го застапува првиот свиркач кој поднесе жалба во минатиот месец по што се активираше барањето за импичмент на Трамп.
Зајд изјави дека и вториот свиркач е разузнавач и ги потврдил тврдењата на првиот свиркач, кој го обвини Трамп дека го искористил влијанието на неговата функција за да вмеша странска земја во изборите закажани за наредната година.
Обвинувањата се поврзани со телефонски разговор на Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски од кого барал да покрене истрага за неговиот демократски ривал Џо Бајден.