World News in Macedonian

Анѓушев - Хавличек: Разговараме за чешки инвестиции во Северна Македонија

Веќе имаме пример на чешка инвестиција, тоа е компанијата „Локотранс“, која има најавено дека ќе гради фабрика во нашата држава за шински возила. Се обидуваме да привлечеме и други компании, не само да градат, туку и да бидат купувачи на производите од нашите индустриски капацитети, изјави денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев од Чешка, по средбата со чешкиот вицепремиер и министер за трговија и индустрија Карел Хавличек.



Хавличек изрази задоволство од одржаниот состанок и добиените информации за инвестициските можности во Северна Македонија, особено за условите за инвестирање во технолошко-индустриските развојни зони, соопштија од македонската Влада.



„Дефинитивно би сакале да ги дискутираме условите за инвестирање во ТИРЗ во Северна Македонија со сите претставници на чешките претприемачи, Стопанската комора и Конфедерацијата на индустрии, затоа што верувам дека многу чешки компании ќе бидат заинтересирани за производни активности во зоните“, рече Хавличек по средбата.


Вицепремиерот Анѓушев со владин тим е во Брно, Чешка, на најголемиот Инженерски саем во Централна Европа.

Читайте на сайте