САД со нетрпение очекува соработка со новата косовска влада, којa ќе биде за дијалог со Белград
Соединетите Американски Држави им честитаат на граѓаните на Косово за „успешното завршување на парламентарните избори“, наведувајќи дека со нетрпение ја очекуваат „можноста да соработуваат со новата влада која ќе биде за дијалог“ со Белград.
„Се радуваме на можноста да работиме со новата влада, која ќе биде за дијалог, кога ќе биде формирана, влада која ќе биде посветена на јакнење на демократијата и обезбедување мир, правда и просперитет за сите граѓани на Косово“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Во Косово, пак, лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти, чија партија победи на изборите во Косово, денеска се сретнал со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Филип Коснет. Во соопштението од партијата се вели дека амбасадорот Коснет изразил задоволство поради добриот тек на изборниот процеси и високиот одзив на граѓаните.
Тој изрази посебен интерес за напредок во борбата против корупцијата, за економијата и за напредување во дијалогот со Србија, во правец на постигнување сеопфатен договор кој би донел стабилност и опстоен мир во регионот, објави партијата.
Во соопштението се наведува дека Курти му дал уверување на американскиот амбасадор дека ќе биде премиер за сите граѓани на Косово, а дека дијалогот ќе го започне со косовските Срби.