World News in Macedonian

Средбата на Меркел и Макрон е закажана во 19 часот

Работната вечера на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, на која се очекува да се разговара и за датумот за приспапни преговори на ЕУ со Северна Македонија и со Албанија, е закажана за денеска во 19 часот.  Според соопштението од кабинетот на Макрон оваа работна вечера е во пресрет на  Европскиот совет на 17 и 18 октомври во Брисел, на која освен за координација ќе се разговара и за заедничката седница на владите на двете земји што треба да се одржи во Тулуз. 


Се очекува тема да биде и барањето на Франција за пролонгирање на датумот за преговори за Северна Македонија и Албанија за првата половина од 2020 година поради промена на методологија во пристапните процеси. 

Читайте на сайте