World News in Macedonian

Нетанјаху бара милитантите да престанат со нападите или ќе се соочат со жесток одговор од Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги предупреди милитантите на исламскиот џихад во Газа да престанат со ракетни напади.


Денеска уште двајца Палестинци беа убиени во нови израелски воздушни и ракетни напади на Газа, со што бројот на загинатите се искачи на 12 за само два дена.


Нетенјаху вели дека милитантите имаат избор или да престанат со нападите или да се спремаат да примат нови напади. Тој вели дека Израел не бара дополнителна ескалација на насилството.


Палестинските милитанти денеска испукаа повеќе ракети кон Израел во знак на одмазда. Засега нема извештаи за жртви на израелска страна.


Меѓуграничното препукување започна откако во Газа израелските сили го убија командантот на групата исламскиот џихад, палестинска милитантна група поддржана од Иран.


Израел соопшти дека убиениот Баха Абу Ал-Ата извршил серија прекугранични напади и дека планирал повеќе.


Како одговор на тоа, милитантите лансираа околу 200 ракети кон Израел во текот на денот, на што Израелците одговорија со воздушни напади.

Читайте на сайте