World News in Macedonian

Македонија очекува шест милиони долари од сукцесијата на СФРЈ

Македонија очекува да добие нови шест милиони долари од сукцесијата на поранешна СФРЈ. По четиригодишна пауза, денеска во Загреб се одржа петтиот состанок на Постојаниот мешовит комитет за примена на Спогодбата за сукцесија на поранешна СФРЈ.


На овој состанок учествувал и заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, соопшти МНР. Македонија, очекува добивка од околу четири милиони американски долари од продажбата на објектите на резиденцијата на СФРЈ во Њујорк, објектот на Амбасадата на СФРЈ во Бон, Берн и Мисијата на СФРЈ во Њујорк. А околу два милиони американски долари очекува и од поделба на депозитите во „Адриа Банка“ во Виена. Следниот состанок на Постојаниот мешовит комитет ќе се одржи во јуни наредната година во земјава.

Читайте на сайте