Анѓушев: Вистината за профитот на моите компании ќе се види догодина
По пишувањата во медиумите дека профитот на компаниите на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев е во раст, а не како што тврдеше тој во телевизиското интервју во загуба, денеска реагираше дека тоа се стари податоци односно од 2018 година, а неговата изјава за загуба се однесува на 2019 година. Анѓушев на новинарско прашање на прес конференција одговори дека капиталот годинава покажал опаѓачки тренд и дека јавноста за тоа ќе може да се увери догодина во завршните сметки кои се испраќаат во институциите во февруари.
„Тоа се јавно достапни податоци кои сите ќе можат да ги видат. Земав обврска еден мандат да помогнам колку што можам. Мислам дека тоа го направив на начин на кој ценев дека е најсоодветен, меѓутоа се створи јаз од она што се створи како перцепција во влијанието и евентуалниот конфликт на интереси, а од друга страна имаме нешто што е вистина и неа сите ќе ја видиме во февруари 2020 година“, изјави Анѓушев.
Инаку во дел од медиумите денеска беше објавено дека фирмите во кои тој е сопстевник во 2018 година покажале голем раст откако е на функција, односно фирмата „Фероинвест“ покажала 54 проценти раст додека компнијата „Брако“ според податоците од Централниот регистар има економски раст од 143 проценти.