World News in Macedonian

Клиниката за Гастро го демантира адвокатот на Боки 13

Универзитетската клиника за гастроенетрохепатологија преку соопштение ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски дека не сакале да го прегледаат и дека некои од лекарите се шегувале со неговата здравствена состојба.



Во соопштението се наведува дека на Јовановски му бил закажан преглед во понеделникот (18 ноември), со план да се направи негова подготовка во болница, но тој не бил донесен на Клиника.


„Истакнуваме дека внимателно ќе бидат разгледани новите медицински информации на пациентот, што за Стручниот колегиум на Клиниката, сепак е најбитно и ќе биде постапено согласно неговата здравствена состојба, како што налага медицината базирана на докази“, наведуваат од Клиниката.


Вчера адвокатот на Бојан Јовановски, Сашко Дуковски рече дека неговиот клиент има неколку сериозни болести и побара Јовановски да биде хоспитализиран и да биде лекуван. Наведе дека затворскиот лекар му доцнел со давањето на терапијата три недели, на Клиника не сакала да го хоспитализираат, а здравствени работници го омаловажувале во врска со неговата сексуална определба.

Читайте на сайте