World News in Macedonian

Обвинителство ја брани Русковска - била разочарана, реагира и Судски совет

Од Јавното обвинителство соопштуваат дека реакцијата на јавната обвинителка Вилма Русковска до Апелациониот суд била израз на моментално разочарување, по сознанието за одлуката Катица Јанева да се пушти во домашен притвор.


Како единствен државен орган кој е надлежен за кривично гонење и се грижи за законитоста на кривичниот прогон, јавното обвинителство нагласува дека ги почитува судските одлуки и не се меша во работата на судската власт.



Апелациониот суд претходно соопшти дека Русковска се заканува и се меша во постапката со тоа што испратила СМС порака до член на Советот кој одлучувал за притворот на Јанева, но и со нејзиниот подоцнежниот јавен настап.


Реагираше и Судскиот совет. Од таму соопштуваат дека најостро го осудуваат однесување на јавната обвинителка Вилма Русковска и сметаат дека е во спротивност на Етичкиот кодекс на јавните обвинители.



 

Читайте на сайте