Иранскиот претседател прогласи победа над демонстрантите
Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска прогласи победа над демонстрантите кои протестираа по зголемувањето на цената на нафтата. Тој обвини дека зад немирите на протестите стојат странски непријатели.
Во Иран, пак, денеска беа организирани провладините митинзи во неколку градови.
„Спонтаните собири што ги гледате се најголем знак на моќта на иранскиот народ“, рече Рохани.
Иран обвинува дека зад „насилниците“ на протестите стојат САД, Израел и Саудиска Арабија. Немирите започнаа во петокот, откако цените на бензинот беа зголемени најмалку за 50 отсто.
Врховниот водач, ајатолахот Али Каменеи, рече дека протестите биле безбедносно прашање, а не популарно движење и дека тие успешно се справиле со нив.
Амнести Интернешнл соопшти дека најмалку 106 демонстранти биле убиени на протестите во 21 град, повикувајќи се на извештаи на сведоци, потврдени видеа и информации од активисти за човекови права. Иранската мисија во Обединетите нации рече дека во извештајот има неосновани обвиненија и фабрикувани бројки.
Иран го ограничи пристапот до интернет, што направи речиси невозможно за демонстрантите да објавуваат видеа од протестите на социјалните мрежи.
Уапсени се околу 1.000 демонстранти, соопштија официјалните лица.