World News in Macedonian

Соработката меѓу Народната банка и ММФ на високо ниво

Гувернерката на Народна банка, министерката за финансии и претставници на ММФ разговарале за Заклучокот на тимот на ММФ, што неодамна престојуваше во нашата земја заради спроведување на редовниот годишен преглед на македонската економија. Од Народна банка соопштуваат дека на состанокот во Скопје меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и министерката Нина Ангеловска со заменик-директорот на ММФ, Тао Жанг и вишата резидентна претставничка на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле било истакнато дека Народната банка го унапредила своето работење со поддршка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и дека соработката меѓу нив е успешна.


Тие зборувале и за мерките за намалување на сивата економија и за подобрување на фискалната транспарентност.


Од Народната банка наведуваат дека внимание ѝ се посвети и на потребата за дополнителното зајакнување на рамката за финансиска стабилност, што според согледбите на ММФ и натаму е приоритет. Притоа е истакната оцената дека е мошне важно и позитивно што редовно се одвиваат активностите за зајакнување на супервизорската и регулаторната рамка и што се подготвува и регулатива со која ќе се зајакне макропрудентниот мандат на Народната банка и ќе се овозможи подобро утврдување на системските ризици во банкарскиот систем.

Читайте на сайте