World News in Macedonian

Димитров: Протоколот за членство во НАТО во францускиот парламент

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Никола Димитров изјави дека се очекува денеска Протоколот за членство во НАТО да помине на пленарна седница на францускиот парламент, откако вчера неговата ратификација поминала со „убаво“ мнозинство во парламентарна комисија. Димитров учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Алијансата, што претставува последна подготовка за лидерската средба на Североатланскиот пакт што ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември.


Тој истакна дека во врска со Шпанија не би сакал да претпоставува, но оти се разбира дека има огромна политичка волја и таа последна ратификација да се финализира за конечно НАТО да добие 30-та земја членка. Мислам дека е неблагодарно сега да прогнозираме кога ќе формираат влада иако тие имаат автентичен изворен интерес тоа да го направат побрзо. Битно е дека сме тука, учествуваме во работата веќе како да сме членка, рече Димитров.


 


 


 

Читайте на сайте