Обезбедени услови за брза дијагностика за карцином на дојка во Битола
Над две илјади луѓе во Битола се заболени од карцином, покажуваат последните статистички податоци. Најчесто заболување е ракот на дојката кај жените, па невладините организации ги повикуваат битолчанки почесто да прават преглед на мамограф, кој во Клиничката болница од неодамна е ставен во употреба со помош од европските фондови.