World News in Macedonian

Украина задоволна од односите со САД

Украинскиот вицепремиер за Европа и евроатланска интеграција Дмитро Кулеба изјави дека односите со САД остануваат силни и покрај централната улога на неговата земја во истрагата за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп.


„Сакаме НАТО да биде поамбициозен кон Украина. Ние не сакаме само да добиеме поддршка, туку сакаме и да придонесеме“, изјави Кулеба кој е првиот претставник на украинските власти во посета на Вашингтон после неколку месеци.


Кулеба кој оствари средби со претставници на Конгресот, Стејт Департментот и Белата куќа истакна и дека неговите приоритети за време на посетата биле да лобира со цел САД да воведат санкции за рускиот проект за гасовод „Северен Тек 2“ и да се зајакнат односите со НАТО.




 

Читайте на сайте