World News in Macedonian

Бугарската православна црква нема да учествува на Саборот во Јордан

Бугарската православна црква соопшти дека нема да испраќа свој претставник на Саборот на патријарси во престолнината на Јордан, кој во организација на Ерусалимскиот патријарх Теофил Трети ќе се одржи на 26 февруари. Во соопштението се вели дека Синодот на БПЦ „ќе се воздржи од учество и нема да испрати свој претставник во Аман“. 


За средбата во Аман досега учество потврдија единствено патријарсите на Русија и Србија, додека сите останати православни цркви категорично одбија да присуствуваат на средбата. Последниот кој не ја прифати поканата беше грузискиот патријарх Илија Втори, на почетокот на неделава. Според најавите, на дневен ред на средбата ќе биде украинското прашање, кое предизвика голема поделба во православниот свет.  

Читайте на сайте