World News in Macedonian

Хрватска постави ограда на границата со БиХ

Хрватска денеска постави ограда во близина на граничниот премин Изачиќ заради зајакнување на границата поради мигрантската криза. Хрватското Министерство за внатрешни работи потврди дека е поставена и подвижната бариера во хрватското место Личко Петрово Село.  


Од Министерството за внатрешни работи на Хрватска се повикуваат на шенгенскиот каталог на ЕУ за надзор на надворешната граница, враќање и повторно прифаќање, во кој е наведено „дека граничните премини и непосредното подрачје треба технички да се надгледуваат, а граничните контроли и надзор треба да бидат осветлени“. 


 

Читайте на сайте