World News in Macedonian

Зошто Италија- факторите зад коронавирус катастрофата

Многу луѓе се прашуваат зошто убавата медитеранската земја стана нов епицентар на пандемијата на коронавирусот, пишува агенцијата Франс прес. Експертите наведуваат низа причини, од релативно возрасното население, прептовареноста на здравстениот систем, до едноставно лоша среќа. Ниту еден од одговорите самостојно не објаснува зошто 60 милинската нација има третина од речиси 11 500 починати од светот кој има 7, 7 милијарди жители.



Италија ќе ги продолжи ограничувањата поради влошување на кризата со коронавирусот


Еден од факторите, кои секој ги споменува е просечната старост, односно, 45,4 години што е повисока од каде било во Европа.Таа исто така е седум години повисока од таа во Кина и повеќе од тоа во Јужна Кореја.


Според податоците од петокот просечната возраст на починатите од коронавирус во Италија е 78,5 години. Но, Јапонија е уште постара нација од Италија и таму просечната возраст е 47,3 а има само 35 официјално регистрирани смртни случаи така што не е само до возраста, посочуваат научниците. Според некои од нив е што првите заразени се јавиле во Италија, а не во друг дел од Европа, па надлежните немале искуство со што се соочуваат.



СЗО ги предупреди младите дека и тие се ранливи од коронавирусот


Следната причина, пишува АФП е што вирусот се шири доста побрзо од она на што може да одговори здравствениот систем. Последната причина која ја наведува француската агенција е недостигот на тестови за коронавирусот. Инаку во светот до денеска се потврдени повеќе од 275 000 случаи, а повеќе од 11 500 починале. Најмалку 88 000, пак, се оздравени.



Расте бројот на заболени од коронавирусот во Африка


 

Читайте на сайте