172 лица го прекршиле полицискиот час, 134 приведени
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, ниво на целата држава, 172 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 134 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така според статистичките податоци не се издадени решенија за изолација, а 253 лица потпишале изјави за самоизолација.
„Заразна солидарност“ на платформата помагаме.сите
„Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација“, соопшти МВР.
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на Фејсбук им се заблагодари на сите граѓани кои ја почитувале забраната за движење за време на продолжениот полициски час кој почна во петокот во 16 часот и заврши утрово во 5 часот.
„Упатувам благодарност до оние граѓани кои се свесни за предизвикот со кој се соочуваме сите и ги почитуваат одлуките на Владата за забрана на движењето и препораките за социјално дистанцирање“, напиша министерот.