World News in Macedonian

Владата утре ќе го разгледува предлогот за скратување на полицискиот час

Владата утре на седница ќе ги разгледува предлозите за скратување на полицискиот час, како и за воведување на мерки за заштита. Комисијата за заразни болести предложи полицискиот час секој работен ден да започнува во 19 часот наместо во 16 часот како што беше досега. Со ова, како што истакна министерот за здравство Венко Филипче, ќе се добијат дополнителни часови граѓаните да ги завршат обврските и да набават намирници.


Повозрасните граѓани да можат да се движат од 8 часот до 12 часот, а младите до 18 години од 13 до 16 часот. Предложено е полицискиот час за време на викендот да остане, но со скратено време и сега да почне во сабота во 13 часот и да заврши во понеделник во 5 часот. Останува забраната за групирање на граѓаните и сите други мерки кои се во сила во однос на физичката дистанца, користењето на јавните површини и парковите.


Филипче најави скратување на полицискиот час


Паралелно се предлага граѓаните на лицето да носат маски или марами при движење во затворени објекти и на отворено во ситуација кога нема да бидат во можност да се одржи препорачаната физичка дистанца од два метри.

Читайте на сайте