Граѓанските здруженија не сакаат да им се скратат 500.000 евра државна помош
Седумдесет и три граѓански организации, мрежи и платформи бараат Владата да ја преиспита и промени одлуката со која финансиската поддршка за невладиниот сектор се намалува за околу 525.000 евра. Одлуката е објавена во Службен весник на 9 април 2020 година, а граѓанските организации сметаат дека е донесена на нетранспарентен начин, без консултација со нив и пошироката јавност.
„Ова говори за непринципиелниот однос на Владата кон граѓанското општество во ова кризно време. Со тоа што се намалуваат приближно 525.000 евра неопходна поддршка, државата де-факто го иззема граѓанското општество како релевантен партнер во справувањето со кризата предизвикана од Ковид-19. Имаме целосно разбирање за кризната состојба и за потребата од солидарност, но во услови кога работиме на санирање на штетите од новонастанатата ситуација со што и помагаме на Владата во справувањето со здравствената криза, вакви сериозни намалувања ќе бидат штетни по долгорочната работа на граѓанските организации“, стои во реакцијата на граѓанскиот сектор.
Владата прераспредели 100 милиони евра од буџетот за економските мерки против коронакризата
Коронавирусот ќе направи буџетска дупка меѓу 700 милиони и 1,3 милијарди евра
Како што велат од граѓанските организации, намалувањето на средствата им ја отежнала работата во кризна состојба.
„Намалувањето на финансиската поддршка го лишува секторот од значаен извор на средства неопходни за функционирање во и вон услови на криза, ја загрозува достапноста на поддршката што организациите ја пружаат на граѓаните и во крајна линија ќе доведе до ситуација во која луѓе од секторот ќе останат без основниот извор на приходи“, пишува во барањето потпишано од 73 граѓански организации, мрежи и платформи кое и официјално е доставено до Владата.