World News in Macedonian

Вработените во Твитер ќе можат постојано да работат од дома

Твитер стана првата голема технолошка компанија што им овозможува на вработените кои можат да работат од дома, да го сторат тоа трајно, откако пандемијата на коронавирусот принуди невидени промени во работната култура низ целиот свет. Епидемијата, која досега инфицираше над 4,2 милиони луѓе на глобално ниво, предизвика драконски затворања во повеќето земји, а работата од дома се појави како нова норма во услови на радикални промени во функционирањето на деловните активности.


Олабавување на мерките за коронавирусот - прерано или пребавно?


Твитер на 12 мај соопшти дека нема да ги отвори повеќето канцеларии пред септември. Другите технолошки колоси како „Фејсбук“ и „Гугл“ им дозволија на повеќето од своите вработени да работат од дома до крајот на оваа година.


 

Читайте на сайте