World News in Macedonian

ДИК утре ќе даде мислење за роковите за избори

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на Државната изборна комисија откако вчера во неговиот Кабинет се одржа лидерска средба за одржувањето на предвремените избори.


„Претседателот Пендаровски ги запозна членовите на Државната изборна комисија со ставовите на претседателите на политичките партии и консензуално усвоениот став дека е потребно Државната изборна комисија да достави мислење за временските рокови потребни за спроведување на изборниот процес. На средбата беше договорено ДИК утре да го достави своето мислење до Кабинетот на Претседателот“, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.



Договор за избори нема, нова лидерска следната недела

Читайте на сайте