World News in Macedonian

Приведени 30 лица за непочитување на полицискиот час

Во последното деноноќие биле регистрирани 38 лица кои не го почитувале полицискиот час, 30 од нив биле приведени, а за осуммина ќе следуваат соодветни мерки. Од МВР информираат и дека полицијата регистрирала и 81 прекршок по однос на мерката за неносење лична заштита.



Три дена карантин па право во кафеана


„За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 210 лица им се издадени решенија за изолација, а седум лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што едно лице не ја почитувало мерката за изолација и самоизолација“, соопшти МВР.

Читайте на сайте