Три дена карантин па право во кафеана
Предлогот на Комисијата за заразни болести за полициски час за време на продолжениот викенд предизвика дијаметрално спротивни реакции. Едни велат потребни се строги мерки за спречување на коронавирусот, додека други се противат на тридневен карантин во време кога се најавува отворање на кафеаните.