World News in Macedonian

Респираторите од САД за помош на Русија пристигнаа во Москва

Американскиот воен авион кој ги пренесувал респираторите за помош на Русија во борбата со коронавирусот слетал во Москва.


„Само што пристигна американскиот авион со хуманитарната помош од луѓето од САД за луѓето во Русија. Во време на криза, САД и Русија мора да работат заедно во спасувањето на животи“, напиша на Твитер, портпаролката на амбасадата на САД во Москва, Ребека Рос.


Советот за безбедност на САД додаде дека пратката е дел од напорите за обезбедување на продукти на луѓето низ светот кои имаат потреба од нив и дека хуманитарната донација на респиратори ќе спасува животи во Русија.


САД ќе донираат респиратори на Русија


Американските власти планираат на Русија да и донираат 200 респиратори произведени во државата, која сега е на второто место по бројот на заболени од коронавирус. Во Русија се регистрирани 317.554 заболени, а 3009 починати од вирусот. Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова изјави дека очекува наредната пратка да пристигне следната недела.




 




 




 

Читайте на сайте