World News in Macedonian

Заев: Завршена работа, избори на 5 јули

Датумот на изборите е завршена работа, тие ќе се одржат на 5 јули, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес конференција.


Според него, потребно е изборите да се одржат побрзо заради добивање на функционални институции, што меѓу другото ќе овозможи подобра здравствена заштита на населението.



„Бомбите“ ќе пукаат пред избори
Мисајловски: СДСМ е нов кластер за пренесување на вирусот


„Не е одговорно државата да ја оставиме без парламент и со техничка влада, во која опозицијата е настроена деструктивно. Нема нови аргументи за нови економски мерки и со тоа нема ниту оправдување за барање на нова вонредна состојба“, рече Заев.


Тој информираше дека техничкиот премиер Оливер Спасовски повторно бил на тестирање за Ковид-19.

Читайте на сайте