World News in Macedonian

Бугарија го укина карантинот за македонски државјани

Директорите на регионалните здравствени инспекторати ја укинаа наредбата за задолжителен карантин на лицата кои влегле на територијата на Бугарија во периодот од 20 до 31 мај, а се од земјите членки на Европската унија, од Србија и Северна Македонија.


„Тоа се однесува на граѓаните за кои причината за карантинот не е контакт со лице заразено со Ковид-19“, се наведува во новата наредба на бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев.


Мерката карантин останува да важи за лицата кои влегле во Бугарија во истиот период од Шведска, Велика Британија, Северна Ирска, Белгија, Ирска, Португалија, Шпанија, Малта и Италија.




 




 

Читайте на сайте