World News in Macedonian

Брнабиќ предлага задолжително носење маски во затворен простор во цела Србија

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека ќе предложи задолжително носење маски во затворен простор во цела Србија, без оглед дали во некое место е прогласена или не вонредна состојба.


Таа истакна дека во изминатите четири дена се намалил бројот на новозаболени лица со ковид-19, додавајќи оти тоа е резултат на носењето заштитни маски во градовите, каде е прогласена вонредна состојба.


Брнабиќ наведе и дека во изминатите 24 часа во Србија се хоспитализирани 159 луѓе позитивни на новиот коронавирус.


Во Србија досега со Ковид-19 се инфицирале 18.639луѓе, од кои 405 починаа, а оздравеле 13.940 луѓе. 

Читайте на сайте