World News in Macedonian

Во Хрватска утре конститутивна седница на Саборот

Во Хрватска утре ќе биде конституиран 10. парламентарен состав од независноста на земјата. Седницата ќе се одржи по 17 денови по изборите, со посебни епидемиолошки мерки.


Саборот до крајот на неделата треба да ја потврди новата хрватска Влада на мандатарот Андреј Пленковиќ, која ќе има 16 наместо досегашните 20 ресори.


Својата прва конститутивна седница Саборот ќе ја одржи почитувајќи ги епидемиолошките мерки, сите ќе носат заштитни маски, а ќе биде обезбедена и неопходната физичка дистанца. 



Избори во Хрватска- победа на ХДЗ, слаба излезност


На изборите на 6 јули во Хрватска победи владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) на актуелниот премиер Андреј, а на второ место е нејзиниот најголем ривал, коалицијата Рестарт, предводена од Социјалдемократската партија (СДП).

Читайте на сайте