World News in Macedonian

Интегра и Алијанса за Албанците поднеле тужби до Управниот суд

До Управниот суд денеска до 18 часот тужби поднеле две политички партии Интегра и Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и еден граѓанин за повреда на избирачко право.


Од Управниот суд за МИА информираат дека освен официјално заведените две, пристигнале уште 75 тужби од Алијанса и Алтернатива.


„Во тек се заведува на тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива по што ќе биде објавено на веб страницата“, информираат од Управен суд.


Во Управниот суд во тек е јавна расправа по поднесената тужба од Живка Арсовска, од Куманово, за поништување на решението на Општинската изборна комисија за повреда на избирачкото право.


Претходно денеска во 14:50 часот во Управниот суд е поднесена и заведена уште тужба од подносителот Интегра Македонска Конзервативна Партија за заштита на избирачко право на подносителите на листи.


 

Читайте на сайте