Кој ќе си ги врати парите од Еуростандард банка?
Корисници на услугите на Еуростандард банка ќе бидат обештетени, а сефовите ќе може да се празнат наскоро. Во Банката имало штедни влогови во износ од 71,5 милиони евра. Во меѓувреме физичките и правните лица нема да може да ги користат сметките во банката и се упатуваат да си отворат сметки во други банки и за тоа да ги известат соработниците и институциите од каде очекуваат приливи на своите сметки. Банката на која Народна банка и ја одзеде дозволата за работа, опфаќала 1,3 отсто од банкарскиот систем во земјата, па не се очекува затворањето да влијае на стабилноста на банкарскиот сектор. Банката е во сопственост на бизнисменот Трифун Костовски, кој за в петок најави обраќање до јавноста.