World News in Macedonian

Времето денеска топло со температури до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во северните делови на земјата. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 31 до 36 степени, според прогнозата на Управата за хидрометеролошки работи (УХМР). УВ индексот ќе изнесува 8.


Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 35 степени.


Во наредните денови се очекува да продолжи периодот на сончево и потопло време со пораст на дневните температури.   

Читайте на сайте