Шпански компании сакаат да ја градат пругата кон Бугарија
Очекуваме Шпанија да продолжи да биде наш стратешки партнер во претстојниот период, којшто ќе ја поддржува нашата земја до нејзиното целосно членство во ЕУ, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими, на средбата со амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лоренцо Сера, соопшти денеска Министерството за финансии. Бесими, се вели во соопштението, му се заблагодари на амбасадорот Сера за поддршката што Шпанија ѝ ја даде на нашата држава во процесот за полноправно членство во НАТО, како и за поддршката кон отворањето на преговорите со ЕУ.
Амбасадорот на Кралството Шпанија, Сера, рече дека во моментов сериозно се размислува за воспоставување Договор за билатерална соработка со што ќе се создадат услови за зајакнување на економската соработка и при тоа додаде дека шпански компании кои се едни од водечките во светот во делот на изградба на железничка инфраструктура се заинтересирани да учествуваат во јавните повици за изградба на железничкото поврзување кон Бугарија – Коридор 8.
Пругата кон Бугарија - Проект рекордер ветуван 27 години
Во соработка со Шпанија, во рамки на Министерството за финансии, успешно беше завршен проектот „Понатамошна хармонизација со ЕУ во областа на осигурување и зголемување на пазарните операции“, во кој Шпанскиот надзорен орган за осигурување и пензиски фондови беше партнер од земја членка на ЕУ, како и проектот „Подобрување на услугите на УЈП кон даночните обврзници“ во кој партнер беше Шпанската даночна администрација.