World News in Macedonian

Вицепремиерот Николовски ќе бара смена на Димова ако таа не си поднесе оставка

Директорката Лидија Димова, смета дека не треба да даде оставка, но јас имам спротивен став. На наредната владина седница ќе побарам оставка и разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, вели вицепремиерот вицепремиерот Љупчо Николовски во објава на неговиот официјален профил на Фејсбук.



Не е само Еразмус, истраги и за други малверзации со европските пари


Димова, директорката на Националната агенција за европски програми, е во центарот на вниманието на јавноста откако беше отворен случајот за евентуална злоупотреба на европски пари преку Агенцијата, откако опозицијата обвини дека пари се трошеле за фризерници, тренирање магариња и слични проекти, а од Брисел најавија проверка на случајот.


Димова претходно на прес-конференција рече дека не дава оставка и оти за програмата „Еразмус плус“ може да аплицира секој.

Читайте на сайте