World News in Macedonian

Бугарскиот претседател Радев негативен на коронавирус

Бугарскиот претседател Румен Радев е негативен на коронавирус, соопшти денеска неговиот портпарол. Радев е во самоизолација по враќањето од Естонија, каде учествуваше на самитот на Иницијативата Три мориња, бидејќи бил во контакт со лице кое е позитивно, пренесува БТА.


Тој беше тестиран за  коронавирус и во понеделникот и во вторникот вечер, по враќањето од Естонија, односно  вкупно трипати и сите три теста се негативни.



Бугарскиот претседател Радев во самоизолација по контакт со заразен од ковид-19


Заразениот со кого бил во контакт бугарскиот претседател е новиот началник на ВВС на Бугарија, генерал Димитар Петров.

 

Читайте на сайте