World News in Macedonian

Словенија за прв пат со полициски час поради пандемијата

Од синоќа, првпат во историјата на независна Словенија, стапи во сила полицискиот час, односно ограничувањето на движењето помеѓу 21 и 6 часот наутро, а властите ги повикуваат граѓаните да останат дома. Вон полицискиот час, групирањето е ограничено на најмногу шест лица, а постои и забрана за движење меѓу регионите.



Воведувањето полицискиот час во главниот град беше прилично мирно, по 21 часот улиците беа празни ,додека во Марибор стотина демонстранти се собраа на главниот плоштад и извикуваа дека полицискиот час не е уставен.



Карантин во седум од 12 региони во Словенија


Премиерот Јанез Јанша, како реакција на протестот, на Твитер објави дека Словенија веќе има над 1.100 новоинфицирани лица во последните 24 часа и ги повика луѓето да станат сериозни.

Читайте на сайте