World News in Macedonian

ЕУ се подготува за покоординирана антитеристичка политика

Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска на состанок се согласија да ја зајакнат безбедноста на границите, да ги зголемат полициските овластувања и да преземат чекори за ограничување на ширењето на говорот на омраза на интернет. На денешниот состанок министрите расправаа за покоординирана антитеристичка политика . Повод за тоа беа неодамнешните екстремистички напади во Германија, Франција и Австрија.  Тие изразија надеж дека ќе можат изготват нов закон за контрола на содржината на интернет, за зајакнувањето на безбедносните мерки внатре во Унијата како и посилен мандат, повеќе пари и персонал за европската полициска агенција.


„ Целта е да се овозможи издавање на наредби за отстранување на терористичката содржина која се објавува на социјални мрежи во рок од еден до два часа од објавувањето со прекугранична помош, како нов и брз инструмент во спротивставувањето на тероризмот“ , е наведено во заедничкото соопштение.

Читайте на сайте