World News in Macedonian

Напаѓачот од синагогата во Хале доби доживотен затвор

Екстремниот десничар Стефан Балиет е осуден на доживотен затвор за смртоносниот напад што го изведе врз синагога во источниот германски град Хале минатата година. Судот во Магдебург денеска го прогласи 28-годишниот Балиет за „сериозно виновен“ за злосторството, што значи дека ќе му биде забрането да биде предвремено ослободен по 15 години, што е максимална казна според германскиот закон, пренесе ДПА.



Балиер призна дека се обидел да влезе во синагогата каде десетици еврејски верници го одбележуваа фестивалот Јом Кипур на 9 октомври 2019 година. Откако не можеше да влезе во зградата, тој уби една жена што беше во близина и еден маж во продавницата за ќебапи.



Ова се смета за еден од најлошите антисемитски напади во Германија од Втората светска војна. За време на неговото петмесечно судење, Балиет не изрази жалење за оние што беа мета и го негираше холокаустот. Злосторствата насочени кон Евреите и јудаизмот во последните години бележат постојан пораст во Германија.

Читайте на сайте