World News in Macedonian

Словенија утре почнува со масовно доброволно тестирање

Доброволно масовно тестирање за ковид-19 почнува утре во Словенија во бројни општини, изјави денеска Марија Магајне од словенечкото Министерство за здравство.



Делумно се укинуваат рестриктивните ковид мерки во Словенија


Точните локации и време допрва ќе бидат објавени, а резултатите од брзите тестови што ќе се користат за време на тестирањето од денеска се сметаат за еквивалентни на резултатите добиени со ПЦР тестовите, јави СТА.


Тестирањето ќе биде достапно во сите поголеми словенечки градови, а повеќе места за тестирање ќе бидат обезбедени во области каде епидемиолошката состојба е најтешка.


Тестирањето ќе биде бесплатно и ќе се спроведува до 24 декември.

Читайте на сайте