World News in Macedonian

Во Италија стартува најголемото судење на мафијата

Стотици наводни членови на најмоќната италијанска мафија денеска станаа дел од најголемиот судски процес за организиран криминал во земјата во изминативе 30 години. Денеска почнува судскиот процес против 355 осомничени членови на таканаречениот криминален синдикат  во кои се вмешани политичари, адвокати и бизнисмени во јужниот регион Калабрија.


Осомничените се соочуваат со обвиненија за убиства, трговија со дрога, изнуда и перење пари. На листата на сведоци се наведени околу 900 луѓе. Обвинителот Никола Гратери пред новинарите изјави дека судското рочиште ќе покаже дека „калабриската мафија денеска не е мафија од пастири посветени на киднапирање, туку голема криминална коорпорација“.




Од 80-тите години од минатиот век до сега не е одржан во таков обем судски процес за мафијата. Станува збор за една од најмоќните криминални организации која има свои ограноци низ целиот свет.

Тековниот судски процес се очекува да трае најмалку една година и е фокусиран на семејството Манкузо кое ја формира рамката на криминалната организација. Прво обвинет е наводниот шеф на кланот 66 годишниот Луиџи Манкузо.

Повеќето од обвинетите беа приведени во рации во Италија, Германија, Швајцарија и Бугарија во декември 2019 година.

Читайте на сайте