World News in Macedonian

Обвинение за лицата кои во автобус на ЈСП се закануваа со ставање патници во киселина

Скопското обвинителство денеска информираше дека поднело обвинение за двајцата насилници кои пред десетина дена во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) се закануваа дека ќе стават патници во киселина. Според обвинението, тие се товарат дека на 5 ноември 2020 година, околу 17.30 часот, во автобус „7“ на ЈСП, грубо ги навредиле и ја загрозиле сигурноста на возачот и на патниците во автобусот. Обвинети се за насилство.


„Обвинетите влегле во автобусот кај автобуската станица Рекорд без да носат заштитни маски, на што реагирале патниците предупредувајќи ги да носат заштита опрема. Тогаш обвинетите започнале грубо да ги навредуваат патниците и да ја загрозуваат нивната сигурност, велејќи им дека ќе ги убијат и ќе ги стават во киселина. Потоа му се обратиле и на возачот на автобусот со барање да запре и да ја отвори вратата за да излезат пред да стаса на следната автобуска постојка. Возачот не ја отворил вратата, по што обвинетите продолжиле со грубо навредување и загрозување на неговата сигурност, му се обраќале со висок тон и удирале по внатрешноста на возилото“, соопшти Обвинителството.

Читайте на сайте