World News in Macedonian

Во болниците од ковид се лекуваат 1329 пациенти

Министерството за здравство соопшти дека на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1329 пациенти со ковид-19. Според министерството, има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 59 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 578 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.


Во ковид центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 751 пациент позитивен и суспектен на коронавирусот. Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, во Скопје отворен е и ковид центар на Клиниката за пластична хирургија.



Утре завршува полицискиот час, Филипче не ја исклучи можноста за нови мерки


Во тек на денот, како што наведуваат од министерството, се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството, според соопштението, има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

 

Читайте на сайте